Конститутивна седница на новиот состав на Парламентот во Бугарија
Новоизбраните пратеници во 49. Народно собрание на Бугарија денеска ќе дадат заклетва на свечена седница со која ќе се отвори новиот парламентарен состав.
Бугарскиот претседател Румен Радев во понеделникот со указ ја свика првата седница на Народното собрание за 12 април.
Според Централната изборна комисија, Парламентот ќе има 58 жени и 182 мажи, исто колку и во 48-то Национално собрание (НС). Просечната возраст на народните избраници во новиот парламент е 46 години.
Најстар пратеник повторно е Вежди Рашидов (ГЕРБ-СДС), кој според Уставот треба да ја води првата седница до изборот на постојан претседавач. Најмладиот пратеник е Георги Крастев, роден 1999 година, исто така од ГЕРБ-СДС.
На првата седница на 49. Народно собрание ќе присуствуваат претседателот Румен Радев, потпретседателката Илијана Јотова, како и вршителот на должноста премиер Галаб Донев и членови на владата.
Поканети се и претставници на Уставниот суд, на судската власт, различни државни институции, на дипломатскиот кор и верските заедници. Исто така, поканети се претходните претседатели на државата и претседателите на Националното собрание.
Ново на Сител
-
Руски брод потона по експлозија
-
Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно
-
Шпанија: Откриени компании кои увезле 2.000 тони фалсификувана стока во ЕУ
-
Безбедна водата за пиење во Скопје
-
Спроведени 62 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња, кај две најдени производи со изминат рок
-
Тошковски: Нема официјална потврда од ниедна соседна земја каде е Груби
-
Приходите на апликацијата Телеграм надминаа милијарда долари во 2024 година
-
Задолжителниот воен рок во Хрватска ќе започне кон средината на следната година