Конкурс за прием во јавните ученички домови за учебната 2022/2023 година
Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во државава за учебната 2022/2023 година објави Министерството за образование и наука.
Слободни се 2555 места во 18 ученички домови во 14 градови. Во пет ученички дома во Скопје се слободни вкупно 808 места.
Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-порталот http://e-
Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во втора, трета и четврта година почнува од 24 јуни и ќе трае до 1 јули 2022, а за учениците кои се запишани во прва година електронското пријавување ќе биде од 1 јули до 8 јули 2022.
Во објавениот Конкурс се наведени условите за прием во јавните ученички домови, потребните документи и начинот и постапката за прием.
Ново на Сител
-

Седум лица убиени во руски напади врз неколку украински градови
-

Денес променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
-

Мицкоски: Бројот на вработените во првиот квартал е добра вест за граѓаните, лоша за опозицијата
-

Топлотниот бран во Велика Британија усмрти 17 луѓе
-

Муцунски: Наша цел како Влада е не само државата да ги почне преговорите, туку и да ги заврши доколку се спроведат реформите
-

Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива
-

Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка
-

Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
