Конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од општина Илинден
Општина Илинден денеска распиша конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од оваа локална самоуправа.
Конкурсот трае до 6 јуни годинава, а по завршувањето на рокот за пријавување, ќе се формира специјална жири-комисија која ќе ги разгледа сите пристигнати фотографии и ќе ги одбере 30 најдобри. Овие фотографии потоа ќе бидат поставени на официјалната фејсбук фан-страница на општина Илинден, каде ќе може да се гласа. Гласањето ќе трае 30 дена.
На конкурсот може да учествуваат сите заинтересирани граѓани. Секој учесник може да конкурира со максимум пет фотографии, а ќе се оценуваат фотографии снимени само на територија на општина Илинден, како панорамски фотографии, знаменитости, економски зони, инфраструктура, јавни објекти, манифестации, спортски и културни настани...
На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија (прво, второ и трето место) според оценките на стручната жири комисија и три награди (прво, второ и трето место) според гласањето на официјалниот фејсбук профил на општина Илинден.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број (02) 2571-703, секој работен ден од 8 до 16 часот.
Испратените фотографии ќе бидат искористени за промоција на општина Илинден.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци