Конкурс за Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“
Организацискиот одбор на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм (ФАДФ) „Камера 300“ кој секоја година се одржува кон крајот на октомври во Битола, го објави конкурсот за претстојното 23-то издание.
На ФАДФ „Камера 300“ може да учествуваат сите филмски аматери, членови на клубови, секции или самостојни автори од Европа кои ќе пријават филмови снимени на ДВД, МП4 или МПЕГ техника и титлувани на англиски јазик, а крајниот рок за пријавување на филмовите е 10 октомври.
Директорот на фестивалот Стефан Хаџи Антоновски истакна дека фестивалот, финансиран од Агенцијата за филм на РМ, годинава слави 110 години од донесувањето на првата филмска камера на Балканот и во Битола која, рече тој, браќата Манаки ги врами во историски рамки на филмската дејност.
- За македонскиот филм, како и за повеќето филмови во светот, 20-от век е век на создавање, развој и растеж. Ние, пак, имаме голем повод и јубилеј, бидејќи токму во 1905 година во родната куќа на браќата Јанаки и Милтон Манаки беа снимени првите подвижни слики во кои е снимена нивната баба Деспина како преде во семејниот двор, посочи Хаџи Антоновски.
Тој соопшти дека наскоро ќе ги објават и членовите на меѓународното стручно жири кое ќе ги додели наградите плакета „Милтон Манаки“, златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, плакета за најдобра режија „Драги Савевски“, награда за репортажа и наградата на „Уника“.
Ново на Сител
-
Трамп: Израел и Хамас се блиску до постигнување некаков договор
-
Мицкоски: После локалните избори ќе предложиме резолуција која ќе ги штити македонските национални интереси
-
Израелската армија повторно нападна цели во главниот град на Јемен, Сана
-
Полесно повреден возачот на цистерната што се запали на патот Гевгелија - Богданци, се отстранува истеченото гориво
-
Зеленски се закани со напади врз Кремљ
-
Словенија го прогласи Нетанајху за „персона нон грата“
-
Тошковски: Стабилна безбедносна состојба во Дебар – ГП „Блато“ станува мост на поврзување со Албанија
-
Сиљановска - Давкова во ОН: Сакаме да се интегрираме во ЕУ, но без дополнителни услови и со зачувано национално достоинство