Конкурс за државната награда за наука „Гоце Делчев“ до 15 февруари
До 15 февруари 2018 трае конкурсот на Министерството за образование и наука за доделување на наградата „Гоце Делчев” во 2018 година, со која се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на Република Македонија.
Наградата во 2018 година се доделува за научна книга или дело објавено во 2017 година, на поединци или на група автори од земјата или од странство.
Право на конкурирање имаат дела од еден автор или група автори што се одделно објавени, рецензирани и каталогизирани. За датумот на објавувањето се смета датумот што е објавен во каталогизацијата на публикацијата (ЦИП). Немаат право да конкурираат остварувања објавени во стручни и научни списанија со импакт-фактор, како и поглавја или делови од книги.
Предлози за доделување на наградата може да поднесат: Македонската академија на науките и уметностите, универзитетите, научните установи, истражувачко-развојните единици во стопанството, научни и стручни здруженија, други здруженија на граѓани и граѓани.
Критериумите и начинот на аплицирање се појаснети во Конкурсот објавен на веб-страницата на МОН, www.mon.gov.mk.
Предлозите треба да бидат поднесени на адреса: Министерство за образование и наука, Одбор за доделување на наградата „Гоце Делчев”, бул. „Кирил и Методиј” бр. 54 1000 Скопје.
Ново на Сител
-
Полициска контрола влегла во ,,Пулс'' неколку минути пред трагичниот настан, неколку службеници се спасиле
-
Собранието ги одложува сите активности планирани за неделава
-
Бектеши сѐ уште во полициска станица
-
Тошковски: Пиротехниката во дискотеката „Пулс“ ја донел бендот „ДНК“
-
Извршена обдукција на 15-ина лица, 45 во критична состојба
-
Градоначалиникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе оставка
-
Специјални екипи на МЗ ќе информираат за состојбата на пациентите од пожарот кои се на лекување во странство
-
Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија