Конгресот на САД усвои закон со кој се предвидува забрана на социјалната мрежа ТикТок
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со „360“ гласа за и „58“ против усвои закон кој предвидува забрана на социјалната платформа ТикТок, доколку нејзиниот сопственик, кинеската компанија „Бајтденс“ не го продаде своето право на работа на американскиот пазар во рок од девет месеци, пренесува Данас.
Платформата има околу 170 милиони корисници во САД, а одлуката е донесена затоа што американските безбедносни служби ја сметаат за ризик за националната безбедност.
Во усвоениот закон се вели дека „Бајтденс“ мора да најде купувач во рок од 270 дена, или платформата ќе биде забранета, а Белата куќа има можност да го продолжи тој рок за уште 90 дена, доколку претседателот Џо Бајден утврди дека има напредок во продажбата.
Кинеската компанија силно лобираше за да се обиде да го спречи усвојувањето на законот, за кој рече дека ги крши правата на корисниците од Првиот амандман и ги загрозува малите бизниси.
„Жално е што Претставничкиот дом поддржува закон кој би ги погазил правата на слободата на говорот на 170 милиони Американци, ќе уништи седум милиони бизниси и ќе затвори платформа која придонесува 24 милијарди долари годишно за американската економија“, соопшти компанијата на социјалната мрежа Х (Твитер).
Кинеската компанија исто така навести дека може да го оспори законот на суд, а на корисниците им порача дека планираат да ја продолжат борбата „искористувајќи ги сите законски права“
Ново на Сител
-
Фицо најави нормализирање на односите помеѓу Словачка и Русија
-
Француската полиција елиминира Тунижанец откако тој со нож избоде пет лица
-
Успехот создава зависност да истражуваш уште повеќе | Ангела Шаровиќ Иванова | Sitel Podcast 112
-
Вучиќ првпат откри што ќе работи откако ќе ја напушти власта
-
Путин: Русија никогаш не била против членството на Украина во ЕУ
-
Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник
-
Костадинов: Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата, плата од 80.000 денари
-
Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици