Конгресот на САД не бил информиран за напад врз иранскиот генерал Сулејмани

Американскиот Конгрес не бил известен и не овластил за напад на американските трупи против командантот на специјалните сили „Кудс“ на Иранската револуционерна гарда, генерал Касем Сулејмани, јави телевизискиот канал Фокс Њуз.
„Сулејмани беше одговорен за незамисливо насилство и светот е подобар без него. Но, Конгресот не даде дозвола за напади и Американците не сакаат војна со Иран. Сега мора да се преземат сите мерки за да се заштитат нашите сили од речиси неизбежна ескалација и зголемен ризик“, предупреди Адам Шиф, претседател на Комисијата за разузнавање.
Пентагон потврди дека американските воздушни сили испукале ракети во раните утрински часови во близина на аеродромот во Багдад, при што загина Касем Сулејмани, командант на специјалните единици на Исламската револуционерна гарда на Кудс. Прес-службата на Министерството за одбрана на САД исто така соопшти дека операцијата е извршена по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.
Ново на Сител
-

Засилени акциските контроли во водите на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер на МСПДМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
-

Меѓувладини конференции во Брисел за Црна Гора и Албанија, Македонија изостанува на Европскиот календар
-

Маркетите кои ги зголемиле профитните маржи - ќе бидат предупредени да ги намалат
-

Продолжуваат инвестициите во Охрид
