Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми
Претставничкиот дом на САД, кој е под контрола на републиканците, го усвои предлогот на претседателот Доналд Трамп за намалување на финансирањето на јавните медиуми и странската помош за девет милијарди долари и го испрати во Белата куќа за потпис, објавија светските агенции.
Домот гласаше со 216-213 за усвојување на законот, кој веќе беше одобрен од Сенатот претходно во текот на денот.
Законот предвидува намалување на трошоците во вкупен износ од девет милијарди долари, вклучувајќи 1,1 милијарда долари финансирање што веќе беше посветено на Корпорацијата за јавна радиодифузија (КПБ).
КПБ е одговорна за распределба на владините медиумски средства до американските јавни радиодифузери Ен-Пи-Ар (NPR) и Пи-Би-Ес (PBS) и нивните станици-членки.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека целта на законот е да „помогне во враќањето на фискалната разумност“ во земјата.
- Ен-Пи-Ар и Пи-Би-Ес со години користеа федерални средства за „туркање на партиска левичарска агенда, рече Ливит.
Од друга страна, демократите рекоа дека откажувањето на финансирањето би можело особено силно да ги погоди локалните станици во руралните области и евентуално да ги уништи.
МИА
Ново на Сител
-
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Сирија одбива да учествува на состаноците со курдските сили во Париз
-
Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица
-
Опожарено возило во Скопје, нема повредени
-
18-годишник тешко повреден по тепачка во Чаир