Македонија
8. October 2015 - 8:27

Конгрес на педијатри

Шести конгрес на педијатрите на Македонија со интернационални учесници ќе се одржи од денеска до 11 овој месец во Струга, во организација на Здружението на педијатри на Македонија.

На конгресот ќе учествуваат над 500 доктори од целиот свет, меѓу кои 24 експерти од областа на неонатологијата и педијатријата од 13 држави.