Македонија
10. November 2021 - 16:54

Конфискацијата е нефункционална мерка во македонскиот правосуден систем

Мерката конфискација на имот во правниот систем е речиси нефункционална, тврдат експертите и правниците. Според нив, клучни причини се правната недореченост, како и недостигот од координација и соработка меѓу институциите.

Во извештајот на ЕУ се нотира дека земјава прави напори за зајакнување на владеењето на правото, но фокусот мора да се стави на имплементација на законите.

Конфискацијата на имот, како посебна казнено правна мерка е воведена во 2004 година и до сега е изречена само во Скопје. Тоа што мерката не е изречена во ниту еден друг град во земјава според правниците е знак дека нешто мора да се промени.