Конференција за заштита на жените жртви на родово насилство
Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) денеска во Скопје ќе одржи регионална конференција за „Заштита и поддршка на жените жртви на родово базирано насилство - моментални состојби и добри пракси”.
Целта е да се направи анализа на состојбите за заштита на жените жртви на родово базирано и семејно насилство во земјата и размена на добри практики во земјите од регионот и ЕУ поврзано со имплементација на стандардите воспоставени со Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство.
Конференцијата е организирана како дел од регионалниот проект „Со здружени напори – кон новите Европски стандарди во заштитата на жените од родово базирано насилство”, финансиран од Европска унија.
На собирот најавено е учество на претставнички на невладини организации од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора и Македонија, како и претставници на државни институции и меѓународни организации.
Ново на Сител
-
Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште