Конференција за заштита на жените мигрантки од насилство

Жените бегалци се соочуваат со насилство, но се плашат да го пријават бидејќи сметаат дека ќе бидат задржани во државата.
Ова денеска беше истакнато на конференцијата на тема „Превенција и заштита од насилство врз жени мигрантки кои транзитираат“ во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Според Елена Димушевска директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во период откако е затворена границата за бегалците во Македонија, во камповите најчесто се случува насилство врз жени првенствено, како што рече, затоа што се плашат тоа да го пријават бидејќи сметаат дека ќе бидат задржани во државата.
Димушевска ја нагласи потребата од ратификација на Истамбулската конвенција затоа што овој документ го регулира насилството врз жените бегалки-азилантки и дава препораки како државите треба да ги заштитат жртвите.
- Македонија ја потпиша Конвенцијата, но се уште не е ратификувана, рече Димушевска и додаде дека најчето жените се злоупотребувани сексуално, а најзлоупотребувани се оние кои патуваат сами или со дете.
Луиза Винтон постојан координатор на ОН и претставник на УНДП во Македонија, потенцира дека е многу важна борбата против родово насилство во контекст на бегалската криза.
- ОН во соработка со невладините организации работат посветено во поддршка на околу еден милион лица кои транзитираат низ Македонија. Фокусот е кај младите девојки и жени кои имаат потреба од хигиена и други потреби за преживување на кризата. Станува збор за нивната лична сигурност бидејќи лицата коишто транзитираат се во посебен ризик од полово родово насилство, истакна Винтон.
Информира дека откако се затворени границите за мигрантите, фокусот е ставен на околу 1.100 лица кои се сместени во бегалските центри Табановце и Гевгелија и во Центарот за азиланти во Визбегово. Од нив, 40 проценти се жени и девојки, а голем дел од нив очекуваат дете или се во процес на доење.
На конференцијата беше направена анализа за состојбата во државава, односно за пристапот до информации, пријавување и системот на заштита на жените мигрантки жртви на насилство.
Ново на Сител
-

СВР Скопје станува Оддел за внатрешни работи, поголеми ингеренции и повисоки плати за скопската полиција
-

Превозниците во паника – не депортираат од Унијата како криминалци
-

Од денеска извод за родени, (не)венчани и умрени можете да си извадите електронски
-

Трамп го формираше Одборот за мир, со нејасни цели и контроверзен состав
-

Фидоски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
-

Преглед на вестите од светот
