Конференција за управување со цврст отпад
„Конференција за интегрирано управување со цврст отпад во прекуграничните и крајбрежните области во регионот на Југоисточна Европа” ќе се одржи денеска и утре во Струга, во органзиација на Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во ЈИЕ.
Конференцијата е дел од проектот „Управување со цврстиот отпад” насочен кон проценување и развивање модели за интегрирано управување со цврстиот отпад кои се еколошко ефикасни и економски прифатливи. Целта е да се намалат негативните еколошки и економски влијанија на лошото управување со цврстиот отпад, како и да се поддржат еколошкиот и социоекономскиот развој на прекуграничните рурални и крајбрежни области во земјите од ЈИЕ.
Во рамки на проектот, засновајќи се на развиена методологија и спроведената проценка на влијанијата, се развиени модели за интегрирано управување со цврст отпад во три пилот-региони (планини, речни корита и морско крајбрежје). Заедно со развиените механизми за подобрување и поддршка на системите за управување со отпад во локалните области, се создадени мерки и препораки за поддршка на примената на моделите.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори
-
Предлог-законот за унгарскиот заем пред пратениците
-
Вучиќ: Ќе имаме разговори за санкции против НИС и со Американците и со Русите
-
Во Брисел состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ
-
Утрото студено и магливо, преку денот сончево
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад