Конференција за унапредување на безбедност и здравје при работа
Во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија, денеска ќе се одржи Конференција на тема „Активности за унапредување на безбедност и здравје при работа“.
Конференцијата се одржува по повод 28 април - Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.
На конференцијата ќе присуствуваат претставници на социјалните партнери, Министерството за труд и социјална политика, директорот на Државниот инспекторат за труд, претставници од организациите на работодавачи, синдикатите, како и релевантни организации и институции кои го таргетираат прашањето за безбедност и здравје при работа во Република Македонија.
На конференцијата ќе бидат презентирани активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија во насока на обезбедување безбедни и здрави работни места, како и активностите на синдикатите здружени во ССМ.
Ново на Сител
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација
-
„Дали знаете колку опожарени возила има на припадници на затворските полицајци?“, синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до Пандов
-
Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека