Бизнис
14. September 2016 - 8:33

Конференција за трошење на јавните средства

„Отворени податоци за трошење на јавните средства – искуства од регионот и состојбата во Македонија“ е темата на денешната конференција што ја организира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

На конференцијата ќе бидат презентирани искуствата на Албанија, Словенија и Бугарија. Состојбата во Македонија ќе биде разгледувана низ законската рамка, индексот на буџетска транспарентност и низ неколку примери на собирање податоци од институциите. 

Конференцијата ќе ги отвори прашањата за тоа како и колку граѓаните може да се информираат за трошењето на нивните пари и колку се отворени податоците за Буџетот на РМ.