Конференција за современите трендови на општествената контрола на криминалот

Криминалитетот во општествените услови и неговите современи форми, современите трендови во методите за справување со криминалните активности како безбедносни предизвици, како и компаративни методологии во борбата против криминалот се теми на дискусија на Меѓународната конференција за безбедност што во организација на Факултетот за безбедност во Скопје по седми пат се организира во Охрид.
Повеќе од 90 експерти и професори од областа на криминалистиката и безбедносните служби од Македонија, државите од регионот и пошироко, на собирот ќе обработуваат актуелни прашања и проблеми како миграцијата, тероризмот како светска безбедносна закана, но и теми како финансискиот криминал, перењето пари, трговијаta со луѓе, фалсификувањето документи и слично.
- На Македонија не може да се гледа изолирано и како држава е исправена пред сите облици на криминал. Оттаму соработката со државите од регионот и пошироко е исклучително важна за да се држи чекор со актуелните, односно современите криминални облици. Доколку се дозволи криминалците да бидат чекор понапред, откривањето и спречувањето на нивните активности ќе биде мошне потешко поради нивните се поинвентивни начини за коруптивна инфилтрација во општеството, истакна Светлана Николовска, професор по криминалистика на Факултетот за безбедност во Скопје.
Професорот д-р Томе Батковски се осврна на рефлексиите од сириско-ирачкото воено жариште по безбедноста на државите што се наоѓаат на бегалската рута, вклучувајќи ја и Република Македонија.
- Македонија мора да се разгледува во рамки на сите збиднувања во регионот. Огромен број припадници од БиХ, Косово и Албанија, а помал број и од Македонија се борци на Блискиот Исток. Бегалската рута е затворена, а сите држави на рутата меѓу кои и Македонија сега мора да се соочат со нов проблем. Создадена е поширока група на криминални организации во регионот, од Сирија до ЕУ, кои преку овозможување илегални премини остваруваат противправна материјална корист, рече Батковски.
Тој ја нагласи потребата од зајакнување на методите на работа на безбедносните, разузнавачките и контраразузнувачките служби, нивната координација и синхронизираност, зајакнување на соработката со сите безбедносните институции и служби од сите држави засегнати со проблемот и преку почитување на Уставот и законите да се изнајде вистински одговор на дестабилизирачките влијанија однадвор.
Кога станува збор за актуелните состојби во Република Македонија, експертите забележаа дека политичката криза негативно се рефлексира врз севкупната безбедносна ситуација во која се наоѓа државата.
Според Батковски, сите политичките субјекти во државата мора да се издигнат над потесните партиски интереси и своите активности да ги насочат кон приоритетното прашање – одбрана на државните интереси.
- Овој проблем постои веќе година ипол и се уште нема вистинско решение. Парламентарната демократија подразбира постојан не инцидентен дијалог, во кој приоритет ќе имаат државните вредности. Постојат различни ставови, но тие се проверуваат на избори на кои граѓаните го даваат последниот збор. Во таа смисла мора да се применат сите правни средства кои се врз основа на Уставот и легислативата на Република Македонија и оттаму одговорноста на политичките субјекти вклучително партиите сега е на уште повисоко ниво. Останува на нив да се издигнат над потесните интереси и да се изнајдат решенија од интерес на државата, рече тој.
Професорот Злате Димовски рече дека за жал стравувањата оти организираниот криминал на голема врата чука во Македонија, сега се остваруваат.
- Од една страна се обидуваме да се справуваме со криминалот, а институциите задолжени за тоа изгледа како да сакаат да се стават во негова функција. Со оглед на тоа дека веќе има подигнати обвинувања, потребно е реализација на процесите преку кои би се потврдила или отфрилила одговорност. Доколку се дозволи криминалитетот да влезе и егзистира во земјата, тој ќе зафати уште повеќе сегменти и едноставно државата нема да може да се одбрани од него следните стотина години, посочи Димовски.
Професорот Жидас Даскаловски оцени дека работите моментално се одивваат во позитивна насока, во услови кога во земјата има функционална Влада.
- Понатамношните разговори за расплетот на кризата вклучуваат и некаков договор околу оние горливи прашања за Изборниот законик и за спроведувањето на наредните избори кои ќе бидат или во регуларниот или во термин што ќе го договорат самите партии. Можеби наједноставно ќе биде исполнувањето на најавите на еврокомесарот Јоханес Хан за вклучување на меѓународната заедница во т.н. прочистување на Изборниот список, што би довело до ситуација сите партии разумно да постапат и да го признаат како релевантен и да може да дојде до договор за излез од кризата преку изборен натпревар, рече Даскаловски.
Ново на Сител
-

Лишени од слобода 14 возачи за „безобѕирно управување возило“, 12 возеле без положен возачки испит
-

МНРиНТ за бегството на Михајлова: Постапувањето на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба
-

Мицкоски: Македонија ќе биде раскрсница на двата паневропски коридора и нејзиното геостратешко значење ќе биде поголемо
-

Роналдо го спореди своето соперништво со Меси на она на Сена и Прост во Формула 1
-

Директор на училиште и еден наставник повредени во пукање на југот на Франција
-

69-годишник од Грција пронајден починат во с.Ново Село, телото предадено на обдукција
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
