Конференција за реформите во разузнавачкиот сектор
Стабилноста, владеењето на правото и безбедноста во Република Македонија, преку подобрување на отчетноста и управувањето на разузнавачкиот сектор против неправилна примена и злоупотреба на инвазивните методи за собирање информации, е целта на Конференцијата на тема „Реформите во разузнавачкиот сектор: постигнувања, предизвици и приоритети“ која ќе се одржи денеска во организација на ДЦАФ.
Целта на конференцијата, на која ќе се обрати претседателот на Собранието Талат Џафери, е да се поттикне политички став за придвижување на реформите, јакнење на капацитетите на субјектите во Парламентот, разузнавачкиот и правосудниот сектор и да се помогне во развојот на механизмите за надзор, одговорност и заштитните мерки во согласност со европските добри практики.
Програмата, според организаторите, има за цел да даде ефективен и одржлив придонес кон подобро демократско управување на разузнавачкиот сектор, со што ќе придонесе за подобрена стабилност, владеење на правото и безбедноста на државата и нејзините граѓани.
ДЦАФ смета дека локалната сопственост е суштинска за успешно спроведување на сите свои активности. Програмата и нејзините цели се одобрени од страна на Владата и Парламентот преку посебни Меморандуми за разбирање потпишани со ДЦАФ во мај 2018 година.
Ново на Сител
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија