Македонија
29. October 2015 - 8:49

Конференција за реформите во јавната администрација

„Агенда за проширување – Достигнувања и предизвици во реформата на јавната администрација“ е темата на конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на  канцеларијата на Фридрих Еберт во Скопје, Институтот за социјална демократија Прогрес и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО).

Организаторите соопштуваат дека повод за одржување на конфенцијата е објавувањето на Извештајот за напредокот и Агендата за проширување на Европската комисија за 2015 година.

На конференцијата ќе се разгледаат достигнувањата на Република Македонија во исполнувањето на заложбите за обезбедување задоволителни јавни услуги и унапредување на конкурентноста и развојот на земјата.

На панел сесија на тема „Реформа на јавната администрација – Заложби за квалитетно, транспарентно и ефективно демократско владеење  во  21 век" е најавено обраќање на заменик министерот за информатичко општество и  администрација Марта Арсовска Томовска