Конференција за можностите за вработување и социјална инклузија на млади во ризик
Презентација и размена на искуства за акции насочени кон вработување и социјална инклузија на млади во ризик има за цел Конференцијата што денеска се одржува во Скопје.
- Владата на Република Македонија во своите заложби за подобрување на состојбата на пазарот на трудот, особено внимание посветува на најранливите категории на невработени лица, пред се младите лица и оние што се во социјален ризик. Социјалната инклузија и економското зајакнување на млади во социјален ризик е интегрирано пред се во рамките на бројните оперативни програми и мерки коишто ги спроведуваме години наназад и коишто даваат особени резултати, рече министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.
Една таква мерка, посочи, е Програмата за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик која што има за цел да ги поттикне работодавачите да вработуваат лица во социјален ризик, и тоа корисници на социјална парична помош кои се на возраст помеѓу 16 и 29 години.
Со оваа мерка, посочи, се опфатени и лицата кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа, лицата кои биле корисници на програмата условен паричен надомест за средно образование, како и лицата до 29 години чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50 проценти од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика.
Потенцира дека значајна мерка е и Програмата за самовработување со кредитирање, Програмата за кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места, кои како целна група ги има таргетирано младите лица до 29 - годишна возраст.
Додаде дека со цел да се надмине предизвикот со вработувањето на младите на национално ниво се работи на подобрување на усогласеноста на понудата на вештини со барањата на пазарот на трудот, промовирање на отворањето работни места предводено од приватниот сектор и олеснување на преминот на младите лица во светот на работата.
- Министерството за труд и социјална политика смета дека на социјалната инклузија на младите во социјален ризик и нивното економско зајакнување треба да пристапиме сите заеднички и преку заеднички напори да придонесеме за подобрување на севкупната социо-економска благосостојба, истакна министерот Ибрахими.
На конференцијата се разговара за можностите за вработување и самовработување на млади, за социјалната заштита на младите кои го напуштаат системот на грижа, соработка на сите засегнати страни, и институции од оваа сфера.
Ново на Сител
-
Владата го скрои Предлог-буџетот за 2025: Раст од 3,7%, рекордни 6,5 милијарди евра за расходи
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба
-
Предлог Буџетот на владина седница – не се предвидени пари за зголемување на функционерските плати
-
Мицкоски го добил писмото од Ахмети
-
Силјановска се консултира за нова Комисија за помилување, реформите ќе почекаат
-
Министерството за правда работи на Законот за помилување
-
Опозициските партии реагираат - чија е заслугата за изградба на Коридорите 8 и 10?
-
60 компании под истрага, злоупотребиле пари за фантомски проекти, вели директорот на ФИТР