Конференција за млади лидери

„Предизвици и можности за младите денес“ е темата на конференцијата за млади лидери што на иницијатива на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе се одржи денеска во Струга.
Идејата на претседателот Иванов за одржување на Школата, како што соопштуваат од неговиот Кабинет, е да им се овозможи на младите, талентирани и иновативни луѓе од Македонија и наши иселеници да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и способности, преку предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот.
Учесници на Конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за младите денес“ се претставници на седумте генерации на Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Иванов, се одржува од 2010 година.
Предвидено е на отворањето на конференцијата да се обратат претседателот Иванов и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Бејли.
Во изминатите седум години на Школата за млади лидери учествуваа 280 млади луѓе и 167 предавачи од земјава и од странство. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, која низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.
Конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за младите денес“ е поддржана и од Фондацијата Алијанса на Цивилизациите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
