Конференција за медиумската писменост во образовниот систем

За медиумската писменост во образовниот систем во однос на неодамна усвоената Сеопфатна стратегија за образованието 2018-2025 и тековните реформи на Министерството за образование и наука ќе се дискутира денеска на конференцијата „Медиумската писменост во Македонија: во или вон образованието“.
Организатор на конференцијата е Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“.
Ќе бидат презентирани иницијативите на осум граѓански организации и осум медиумски партнери во рамки на Коалицијата за медиумска писменост што во 2016 ја основаше Високата школа. Нивните заеднички активности беа поддржани со грантови од Европската Унија, со цел да ја унапредат медиумската писменост во земјата.
- Во изминатите осум месеци преку овие иницијативи се продуцираа различни медиумски содржини креирани од и за маргинализираните групи граѓани, имаше едукативни активности за младите да можат критички да ги перцепираат вестите и да умеат да ги препознаваат професионалните новинарски стандарди, соопшти Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.
Ново на Сител
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
