Конференција за Конференција за бегалската криза и безбедносните импликации и безбедносните импликации
Во рамки на македонското претседавање со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) за 2015 година, а во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика (ИГИНП) при Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска се одржа Меѓународна конференција на тема „Миграции и прилив на бегалци во транзитните земји: безбедносни импликации“.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој заедно со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Драган Мектиќ се обратија на конференцијатам, информира дека само оваа година низ Република Македонија поминале повеќе од 617 илјади мигранти, а се очекува овој број драматично да порасне. Потсети дека Македонија следејќи ја политиката на повеќето европски земји од пред еден месец воведе селективен пристап во начинот на дозволување влез на мигрантите кои доаѓаат исклучиво од воено-конфликтните земји.
- Со оглед на миграцискиот притисок врз јужната граница и проценките за зголемување на неговиот интензитет, како и се построгите мерки на европските земји за прифат на мигрантите, постои можност РМ да стане тампон зона на бегалската криза и да се соочи со далеку посериозни предизвици од досегашното управување со миграциските текови. Ваквата состојба отвора нова димензија, која не продира само во економско-социјалниот аспект на справување со миграциите, туку и во безбедносниот аспект, рече министерот Спасовски.
Евентуално подолгиот престој на мигрантите во земјава, потенцира тој, би можел да доведе до нивна радикализација поради чувството на маргинализираност, оттуѓеност, неисполнување на очекувањата за подобар економски и социјален статус... Сите овие фактори, подвлече Спасовски, создаваат пак услови за продор на радикалниот ислам.
Министерот Спасовски меѓу другото рече дека не се исклучува можноста меѓу мигрантите кои транзитираат низ Македонија прикриено да се движат радикализирани лица и џихадисти, чија цел е да пристигнат во Европа.
- Ризикот кој произлегува од феноменот тероризам, пред се заради неговата специфика и комплексност, а особено поради поврзаноста со екстремизмот и радикализмот, бара суптилен приод со цел навремено детектирање на неговите појавни облици и развојни тенденции, рече Спасовски.
Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ во обраќањето меѓу другото истакна дека неговата земја е подготвена да биде дел од решавањето на проблемот со бегалско-мигрантската криза заедно со земјите од Западен Балкан, но и пошироко и дел од решавањето на овој, рече, глобален предизвик. Мектиќ и денеска повтори дека е покрената иницијатива за формирање регионален форум на експерти, кој во иднина би прераснал во центар, каде што земјите од регионот потесно ќе соработуваат во насока на одржување и чување на безбедноста.
Во рамки на конференцијата, денеска алтернативниот генерален секретар на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) Марго Клестил-ЛоферЦЕИ и Тамара Мугоша, директорот на МАРРИ центарот, потпишаа меморандум за разбирање. Заеднички оценија дека меморандумот има стратегиско значење затоа што се воспоставува долгорочно партнерство, во чии рамки интензивно ќе се соработува и за прашањето поврзано со бегалско-мигрантската криза, која е, подвлекоа, непознат феномен во модерното време.
Ново на Сител
-
Приведен 27-годишник од Пробиштип, возел со 185 километри на час на место каде е дозволено 110
-
ЛА Лејкерс го продолжи договорот со тренерот Редик
-
Орбан: Унгарија ја прогласи Антифа за терористичка организација
-
МИА: Во црквата Свети Спас не се сите коски од Гоце Делчев!
-
ДЗС: Целосно изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново
-
Руте се потсмева со Русија: Мечката не мора на сите да им кажува дека е мечка, тоа се гледа во секој случај
-
Од денеска казни за пешаците и возачите што користат мобилни и други електронски уреди во сообраќајот
-
Алиу: За два дена прегледани над 200 лица во рамки на скринингот во Трубарево