Конференција во Буенос Аирес на министрите за трговија од СТО

Министрите за трговија на земјите од Светската трговска организација (СТО) ќе заседаваат од денеска до среда (10-13 декември) во Буенос Аирес, каде што на дневен ред ќе бидат рибарските субвенции и интернет трговијата, пренесе ДПА.
По повод конференцијата, заменикот-директор Карл Браунер ја коментираше за германската агенција дека американската администрација создала вакуум во раководството на светската трговија.
- 70 години САД беа водечка сила за развојот на глобалниот трговска систем. Претседателот (Доналд) Трамп се откажа од оваа лидерска улог", рече Браунер во Женева, каде е седиштето на организацијата.
- Не постои лидерство, додаде тој.
- ЕУ се повеќе ја презема оваа иницијатива и работи за нови интересни сојузи, посочи Брануер, истакнувајќи ги заедничките напори на ЕУ и Бразил за ограничување на земјоделските субвенции во светот.
- Свесни сме дека можеме да ги решиме глобалните проблеми само преку соработка, рече заменикот-директор.
Во главниот град на Аргентина, трговските дипломати од 164-те земји-членки на СТО ќе разговараат за прашање кои се однесуваат не само на бизнисот во светот, туку и за секој кој пазарува во супермаркети и онлајн.
Тие ќе се обидат да направат напредок во забраната на владините субвенции за рибарскиот сектор и во борбата против прекумерниот риболов.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
