Конференција „Пристап до информации и заштита на лични податоци-можности и предизвици“

Конференција на тема „Пристап до информации и заштита на лични податоци – можности и предизвици“ ќе се одржи денеска во Скопје.
Со конференцијата ќе биде означаен почетокот на проектот „Транспарентни и ефикасни државни регулаторни и надзорни тела“, каде истражувачи на „Аналитика“ ќе ја следат работата на Комисијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер како и на Дирекцијата за заштита на лични податоци преку објавување квартални извештаи. На настанот ќе бидат преставени одредниците за претстојните извештаи.
Целта на проектот е зголемена јавна контрола преку следење на работата на овие две тела со единствена цел подобрување на нивните перформанси, ефективност, транспарентност како и отчетност што треба да придонесе за воспоставување отчетен јавен сектор.
Проектот е поддржан од Британската Амбасада во Скопје и ќе се спроведува до крајот на март 2018 год.
На конференцијата се најавени обраќања на Пол Едвардс, заменик амбасадор во Британската амбасада во Скопје и Магдалена Лембовска, истражувач за безбедносни прашања во „Аналитика“. Ќе учествуваат и претставници на Комисијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер, на Дирекцијата за заштита на лични податоци, експерти од Обединетото Кралство, како и претставници на невладиниот сектор и академската заедница.
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
