Конференција: Од менаџирањето зависат последиците од кризата
Научните работници и експерти од Република Македонија и од странство денеска на конференцијата „Кризен менаџмент: Предизвици и перспективи“ дискутираа за најважните прашања поврзани со кризниот менаџмент, преку интердисциплинарен пристап и дијалог. Организатори на коференцијата се Центарот за управување со кризи во соработка со Американската амбасада и Универзитетот „Џонс Хопкинс“ од САД.
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими потсети дека Македонија почувствува една голема природна катастрофа-земјотресот во Скопје, и притоа потсети на кризите што ги имавме во текот на годината со поплавите...
- Уште поголем предзивик со кој Република Македонија се соочува како транзитна зона во досегашниот период е бегалската криза. Македонија годинава успеа да опслужи со интегритет и на достоинствен начин бегалците да поминат низ нашата држава. Околу 480 илајди бегалци поминале во овој период низ Република Македонија или над пет илјади на дневна основа, рече Бесими и додаде дека бројот на беглаците нема да запре во зимскиот период. Според него, потребно е да бидеме подготвени и за овој предизвик, а потребна е солидарност и поголема соработка.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нагласи дека меѓународните конференции се извонредна можност за натамошно развивање на кризниот менаџмент.
- Република Македонија, нејзините институции и МВР, како една од поважните алки во концептот кризен менаџмент, имаат должност и обврска, како пред своите граѓани, така и во поглед на своите меѓународни пријатели и партнери крајно совесно и одговорно да пристапуваат кон развојот и унапредувањето на овој безбедносен сегмент, нагласи Спасовски.
Министерот за здравство Никола Тодоров потенцира дека подготвеноста и посветеноста на здравствениот сектор за справување со вонредни и кризни состојби беше тестирана повеќе пати преку спроведување симулациски вежби со национално и меѓународно учество. Досега, како што рече, се одржани над 15 симулациски вежби во последните четири години, посветени на подготовка на здравствениот систем при поплави, земјотреси, терористички напад (биотероризам), вежба за спречување појава и можно ширење на ебола во Македонија, како и симулирање поголеми сообраќајни несреќи во кои е клучен одговорот на здравствениот систем.
За појавата на зголемен број мигранти кои транзитираат низ Македонија до нивната крајна дестинација во западноевропските држави, Тодоров нагласи дека изминатите месеци во транзитниот центар Гевгелија функционира амбуланта, 24 часа и тоа седум дена во неделата со здравствен кадар од најблиските здравствени установи.
- Здравствената заштита за мигрантите е бесплатна на сите нивоа на здравствениот систем. Досега е пружена здравствена заштита на 1.219 лица, додека на секундарно и терциерно ниво пружена е здравствена заштита на околу 700 лица, од кои осум породувања, рече Тодоров и додаде дека се врши редовна секојдневна дезинфекција на возови со кои се превезуваат мигрантите на релација Гевгелија–Табановце, како и редовна секојдневна дезинфекција на површините каде престојуваат мигранти во Табановце и во Гевгелија.
Досега не е регистрирана појава на сериозни заразни заболувања меѓу мигрантите, но, како што рече, сепак здравствениот сектор е подготвен при евентуална појава на заразно заболување да ги преземе сите потребни мерки за сузбивање и спречување на нејзино ширење.
Директорката на ЦУК Сузана Салиу разграничи дека има два вида на кризи, создадени од натприродна моќ и кризи созадени од луѓе и лоши политики. Првите, како што рече, не се стопроцентно контролирани и менаџирани, а вторите можат стопроценто да се менаџираат, од добри луѓе и од добри политки.
- Кризниот менаџмент е многу важен за време на кризна состојба. Од успехот на менаџирањето на една криза и последиците можат да бидат многу помали, рече Салиу.
Одговарајќи на новинарско прашање, Салиу рече дека по нападите во Париз сите опции се отворени. - Тоа значи дека секоја држава може да размислува за нејзината безбедност и за безбедноста на граѓаните и на институциите. Сега ние сами како држава, како институции ќе цениме како ќе се заштитиме и како ќе ја обезбедиме безбедност на нашите граѓани. Ние не би сакале да дојде до поставување на жици и огради зошто тие се антихумани и спротивно на принципите на човековите права. Ако останеме сами и веќе сме приморани се размислува и за такви мерки, рече Салиу.
Таа појасни дека Македонија работи со многу ограничени капацитети но, како што рече, досега кризната состојба беше многу успешно менаџирана.
- Во моменти кога во Република Македонија влегуваат околу пет илјади граѓани никогаш безбедноста во нашата држава не е стопроцентна. Секогаш постојат можности за влегување, за инфилтрирање на разни луѓе, за илегален премин, а може да се и со фалсификувани документи. Значи безбедноста на граѓаните и на институциите не е стопроцентна и затоа ние се залагаме за зајакнување на контролата при влез во Македонија, рече Салиу.
Додаде дека сите тела на кризниот менаџмент, како што се Управувачкиот комитет, Групата за процена, Штабот при ЦУК, а и исто така и Советот за безбедност при кабинтетот на претседателот Иванов сите биле согласни дека контролата мора да се зајакне.
Ново на Сител
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови