Конференција на Институтот за безбедност, одбрана и мир
Институтот за безбедност, одбрана и мир кој е во состав на Филозофскиот факултет во Скопје, организира дводневна конференција во Охрид на тема „Современи безбедносни парадигми и предизвици: теорија и пракса“ со над 30 учесници од светот.
Целта е размена на мислења и перспективи за најважните прашања поврзани со безбедноста на светот во 21 век.
- Тргнувајќи од сложениот сплет на истражувачки интереси и комплексниот курикулум кој беше развиван низ децениите, речиси истовремено во сферата на безбедноста, одбраната и мировните студии, идејата е да се промовира интердисциплинарниот пристап и да се овозможи дијалог помеѓу дисциплините и различните школи на мислење, соопшти Институтот кој со оваа конференција ќе одбележи 40 години од своето постоење.
Ново на Сител
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет