Македонија
24. November 2016 - 8:55

Конференција „Климатски промени - улогата на образовниот систем“

Зајакнување на еколошкото образование и образованието за климатски промени е целта на меѓународната конференција „Климатски промени и зелена економија - улогата на образовниот систем“ што ќе биде одржана денеска во Скопје. 

На конференцијата, како што најави Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се обрати ресорниот министер Башким Амети.

Организатори на конференцијата се фондацијата „Конрад Аденауер“ во соработка со Вилфред Мартенс Центарот за европски студии од Брисел и еколошката младинска организација Гоу Грин - Скопје.