Конференција „Климатска акција: Да се спречува и да се лекува“
Во организација на Институтот за комуникациски студии денеска ќе се одржи Конференција за „Климатска акција: Да се спречува и да се лекува“, во рамки на Кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.
– Енергетската индустрија, отпадот, сообраќајот и градежништвото најмногу придонесуваат во емисиите на стакленички гасови во Македонија, додека шумите и урбаното зеленило кои се главни апсорбирачи на гасовите, се карактеризираат со низок квалитет и мал годишен прираст. Според климатските сценарија, средната годишна температура во земјава ќе се зголеми за 1.9°C до 2050 и врнежите ќе се намалат за речиси 23 отсто до 2100 година. Достапноста на населението до вода ќе биде ограничена, а сувите периоди и ненадејните поплави ќе бидат почести и повеќе изразени. Негативните ефекти на климатските промени ќе ги намалат приносите кај најголем дел од земјоделските култури и ќе ги зголемат ризиците врз здравјето на луѓето. Опасностите што ги носат климатските промени ќе предизвикаат проблеми во земјоделството, здравството, туризмот, биолошката разновидност…, иако штетните влијанија можат да се намалат со мерки кои дури создаваат нови зелени работни места. Сепак, сериозноста на последиците ќе зависи од способноста на државата да се подготви и да се справи со климатските промени, информираат организаторите.
На конференцијата, обраќање ќе има претседателот Стево Пендаровски, додека професори и експерти во различни области од земјата и регионот ќе дискутираат за постоечките ризици и за решенијата за адаптација и ублажување на климатските промени.
Кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.
Ново на Сител
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“