Конференција „Градење на мостови помеѓу истражувањето во бизнисот и потребите на индустријата“

Факултетот за бизнис при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска организираше меѓународна конференција на тема „Градење на мостови помеѓу истражувањето во бизнисот и потребите на индустријата“.
Според ректорот на УЈИЕ Замир Дика, главна цел на конференцијата е деловната заедница да се запознае со наставната програма на Универзитетот, а високошколска установа да ги дознае потребите на пазарот на трудот.
- Интеракцијата меѓу универзитетот и бизнисот е двигател на иновацијата, а иновацијата треба да биде во сржта на компетитивна економија и општество. Имаме големо задоволство што многу професори тука ќе ги претстават своите трудови и најнови сознанија за оваа тема како наш придонес во развојот на општеството, изјави Дика.
На денешната конференција свое излагање имаше и Пол Сергиус Коку, професор на Универзитет во Флорида, истакнувајќи ја важноста на врската помеѓу деловната заедница и академското истражување.
- Мојата денешна презентација се однесува на пополнување на јазот и поврзување на деловната заедница со академското истражување. Целта на конференцијата е да се поврзе деловната заедница, стопанството, тие што се директно вклучени во практиката со академскиот дел, професорите и студентите за да можат да имаат подобра соработка во иднина. Со ова се надеваме дека ќе постигнеме понатамошни резултати и директно ќе биде вклучена деловната заедница во подготвувањето на она што е потребно на пазарот на трудот, рече Коку.
На конференцијата беа претставени и истражувачки трудови на оваа тема од повеќе професори од Универзитетот и надвор од него.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
