Коневски: Долно Лисиче ќе добие детска градинка и спортска сала
Изградба на училишна спортска сала во основното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче и нова детска градинка, најави денеска кандидатот за градоначалник на општина Аеродорм од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски.
-Од бројните проекти што ги предвидовме во предизборната програма за Општина Аеродром, денеска ги промовираме проектите што ги предвидовме во програматa за Долно Лисиче.
Со изградбата на спортска сала ќе се обезбедат услови за спорт за учениците од основното училиште во Долно Лисиче, додека со изградбата на новата градинка ќе се зголеми капацитетот за згрижување деца од предучилишна возраст во Долно Лисиче.
Дозволете ми да ги поканам граѓаните на претстојните локални избори да ги поддржат кандидатите од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со доктор Виктор Камилоски, за да можеме да го реализираме не само овие, туку и други проекти предвидени во изборната програма, напиша Коневски на својот Фејсбук профил.
Ново на Сител
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Почнува Рамазанскиот пост
-
Дел од Општина Илинден без струја
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан