Конечно уапсен: Насилник со клоца турна девојка по скалите
Полицијата во Германија го уапси хулиганот кој без причина шутна жена што по скалите се симнуваше пред него во метро станицата во Берлин и таа падна и се повреди. За пронаоѓање на насилникот награда од 2000 евра понуди поранешниот телохранител на Лејди Гага и Шарлиз Терон.
Камерите во станицата во октомври го забележаа инцидентот во кој непознат маж клоцна една минувачка и таа падна по скалите.
Полицијата испрати апел до граѓаните да го пријават мажот доколку го препознаат, но никој не се јави. Тогаш Мајкл Куер (54) поранешен телохранител, одлучи да ја земе работата во свои раце и понуди парична награда во замена за информации за наградата за напаѓачот и неговите соучесници кои се гледаат на снимката.
Откако ја клоцна и турна несреќната жена, напаѓачот заминува, држејќи цело време шише во рака, а еден од неговите пријатели застанува за момент, ја гледа девојката, зема друго шише што паднало во текот на нападот по скалите, се врти и исто така заминува. По апелот од телехранителот и понудената парична награда, полицијата доби информации за напаѓачот кој набрзо потоа е уапсен.
Мајкл рече дека е апсолутен противник на насилството и дека сакал да и помогне на полицијата да го реши случајот.
-Штом понудив награда веднаш добив информација за напаѓачот, рече тој за локалните медиуми и додаде дека планира да донира и 10.000 евра за да помогне да се реши случајот, а додатни 5.000 евра донираше за повредената девојка и нејзиното семејство.
По нападот, кој ги згрози луѓето ширум Германија, девојката веднаш е префрлена во болница.
Ново на Сител
-
Локализиран е пожарот на планината Беласица
-
Во Берово најстудено со - 6, во Гевгелија измерени 5 степени Целзиусови
-
Биткоинот достигна вредност од 80 000 долари
-
Патот Кратово - Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег
-
Скопје утринава се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот
-
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
-
Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени
-
Во Белград е планиран протест на српската опозиција поради трагедијата во Нови Сад