Живот
2. January 2019 - 14:20

Конечно прозборе: Се обрати до јавноста сопругата на Михаил Шумахер и ја соопшти неговата желба

Корина Шумахер, сопругата на славниот возач на Формула 1 Михаил Шумахер, се обрати до јавност непосредно пред 50. роденден на легендарниот спортист. 
 
Имено, Шумахер на 3. јануари ќе го прослави својот јубилеен роденден. 
 
- Драго ние и од срце ви се заблагодаруваме што ќе го прославите 50-от роденден на Миахил заедно со него и со нас. Можете да бидете сигурни дека е во добри раце и дека правиме се што е возможно за да му помогнеме. Ве молам за разбирање бидејќи постапуваме по негова желба, па чуствителните теми како што е здравјето ги оставаме во приватната сфера. Ви благодариме на вашето пријателство и ви посакуваме многу среќа и здравје во 2019 година, стои во соопштението на сопругата на Шумахер.