Џет-Сет
28. July 2016 - 16:27

Конечно го изговори судбоносното „ДА“: Српска пејачка утрово тајно се омажи!

Една од најпопуларните српски пејачки, Ана Николиќ, конечно го изговори судбоносното „да“!
 
Како што пренесуваат српските медиуми, Ана и нејзиниот избраник се ванчале во општината Вождовац, а пејачката за кума ја избрала својата долгогодишна пријателка и модна креаторка Тијана Тодоровиќ.
 
За оваа важна прилика Ана се одлучила за бел кус фустан, додека младоженецот за одело комбинирано со патики.
 
Инаку, новопечениот сопруг е раперот Стефан Ѓуриќ Раста кој работеше на последниот албум на својата сопруга насловен „Лабина“.