-->
-->
Конечно дознавме: Еве за што служи слепото црево!
-->

Што би рекол народот - и врапчињата знаат дека слепото црево нема никаква функција во организмот! Меѓутоа, тоа верување по се изгледа мора да се промени.
Некои научници веруваат дека знаат за што служи слепото црево, додека другите велат дека нема никаква функција. Меѓутоа, многу истражувачи тврдат дека слепото црево, всушност е склад за добрите бактерии, пишува порталот „HealthTipsSpot“.
Ова значи дека слепото црево има улога да ја обнови цревната флора после болестите како што се дизентерија и колера. Во него се наоѓаат резервите на добри бактерии кои го чекаат својот момент да влезат во дигестивниот тракт и да ги пополнат местата кои се испразнети поради болеста.

Сепак, професорот Бил Паркер го привлече вниманието на една важна работа. Иако слепото црево има некаква функција, тоа не значи дека не требa да се извади во случај на воспаление.
- Откривме една интересна работа, но не сакаме тоа откритие да предизвика штета. Ние сакаме луѓето да кажат: „Сега кога знам дека моето слепо црево има функција, нема да одам на лекар да ми го извадат, ќе се обидам да го задржам“, - вели професорот Паркер.
Истражувањата се спроведени на коала, бидејќи тие имаат долго слепо црево и многу специфична исхрана, па е најзгодно да се следи цревната флора.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси
-
ИКС: Наративот на политичарите штетно влијае на менталното здравје на граѓаните
-
Муцунски: Ние сме „Македонски свет“ и гледаме да ги шириме интересите на нашата надворешна политика
-
Мицкоски повика трагедијата во Кочани да не се користи за ситни политички поени
-
ССМ пресмета зголемена потрошувачка кошница во јули, премиерот најавува нови 5 кошници, за разни категории