Конечни резултати на косовските избори – ВВ освои 32, ЛДК 29 пратенички места
Досега опозициските косовски партии, Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), според конечните резултати од гласањето на вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври, заедно освоија мнозинство од 61 место во 120-членото Собрание на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседателката на Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) Ваљдете Дака на денешната прес-конференција по завршувањето на пребројувањето на сите гласови, објави дека ВВ освои 26,159 отсто од гласовите, со што обезбеди 32 места во идното Собрание, додека ЛДК 25.458 отсто гласови, односно 29 пратеници.
Досега владејачката Демократска партија на Косово (ПДК) освои 21,163 отсто и ќе има 25 пратеници, додека нејзиниот коалиционен партнер, Алијансата за иднината на Косово (ААК), која настапи заедно со Социјалдемократската партија (ПСД) со 11,487 отсто од гласовите освои 14 места во новиот Парламент. Нивните партнери во власта, Социјалдемократската иницијатива (Нисма) и Алијансата ново Косово (АКР), заедно како коалиција освоија 4,984, односно не успеаја да го надминат прагот од пет отсто за влез во Собранието.
Дака инфoрмира дека, по прогласувањето на конечните резултати, учесниците на изборите имаат рок од 24-часа за поплаки до Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП).
Лидерот на Нисма, Фатмир Лимај, синоќа во интервју за телевизијата Т7 изјави дека неговата коалиција не ги признава гласовите стасани по пошта од Србија и ќе се жали до сите инстанци, а доколку тие гласови бидат поништени коалицијата ќе го помине прагот од пет отсто и ќе има пет пратеници. Поплаките на Нисма-АКР, според медиумите, можат да го одложат формирањето на новото Собрание за уште седум-осум дена.
Право на глас на изборите од 6 октомври имаа 1.937.868 граѓани. Како што информира ЦИК, гласале 830.784 лица, односно 43,2 отсто од граѓаните со право на глас, а бројот на неважечки гласачки ливчиња е 40.732.
Ново на Сител
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата