Конечни резултати на ДИК: Сашко Николов освоил 11.477 гласови на предвремените избори за градоначалник

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги соопшти конечните резултати од гласањето за градоначалник на изборите во Штип, што се одржаа на 13 декември. На гласањето на предвремените избори за градоначалник на Штип победи Сашко Николов од СДСМ и коалицијата со 11.477 гласа.
Кандидатот на Интегра Симон Поликарп освоил 1.179 гласови, на коалицијата Иднина во нашите раце Гоце Ангелов 267, независниот каднидат Трајчо Митев 280, а на ТМРО Лазар Наумов 282.
Право на глас на предвремените избори во Штип имаа 41 777 гласачи. Правото на глас го искористиле 14.301 гласач, неупотребени биле 26.845 ливчиња, важечки 13.485, а неважечки 816 гласачки ливчиња.
На 13 декември за градоначалник освен во Штип се гласаше и во Пласница.
Конечните резултати за Пласница беа соопштение на седницата на ДИК во четвртокот. Најмногу гласови 1.696 освои кандидатот на ДУИ Алија Јаоски.
Николов и Јаоски ќе бидат градоначалници на Штип и Пласница се до одржувањето на локалните избори во 2021 година.
Ново на Сител
-

Американската војска почна нова серија напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ
-

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Дебрца
-

Сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
