Концертна промоција на „Рожба“ на музичкиот состав „Портал“
Претпоследниот настан од 18. Есенски музички свечености е концертна промоција на најновото цеде на Марјан Јанкоски и музичкиот состав „Портал“ насловено „Рожба“.
Содржи 11 композиции, од кои три се народни, а за осум Јанкоски е автор на музиката. Една од нив, насловена „Мило чедо“, Јанкоски му ја посветил на Тоше Проески.
- Сакавме да му се оддолжиме на Тоше за се што направи. „Мило чедо“ е авторско дело за мојот пријател и соработник, рече Јанкоски на прес-конференција со која беше најавена годинашната манифестација Есенски музички свечености.
Јанкоски е основач на групата „Портал“ во 2002 година и е вокал и изведувач на гајда и кавал. Во составот членуваат и: Сашко Петров (тамбура), Ангеле Михајловски (пијано), Иле Колев (кларинет), Елена Ѓоргиевска (вокал и виолина), Златко Панов (виола) и Стојанче Наумовски (виолончело).
Промоцијата, која ја организира Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, ќе се одржи во Музејот на македонската борба со почеток во 20 часот.
Ново на Сител
-
Албанија уништи над 60 тони мандарини, вратени од земји членки на ЕУ, поради високо ниво на пестициди
-
Андоновски: Родителите на учениците да ги искористат забраните што постојат на мобилните уреди
-
Таравари: За неколку директори правиме евалуација,за тоа како водат, колку стручно и компетентно
-
Жителка од Велешта една година крадела струја во стан во Струга
-
Караванот „Зимска новогодишна бајка” на Државна лотарија шири магија низ Скопје
-
Утре ден на жалост во Загреб
-
Посебен режим на сообраќајот од утре до понеделник во Скопје
-
Нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува, смета одбраната на Артан Груби