Концерти на руски ансамбли во Скопје, Битола и Охрид
Во рамките на Деновите на духовна култура на Русија во Македонија денеска на програмата се концертни настапи на реномирани руски ансамбли во Охрид, Битола и во Скопје.
Во Охрид во катедрачната црква Св. Софија концерт ќе одржи хорот „Јарославија“ од Јарославската државна филхармонија. Овој меѓународно реномиран хор, со чиј настап вчера во Скопје беше отворена манифесатцијата, ќе настапи со класични хорски нумери од руски композитори, како и литургиски песнопоенија.
Ансамблот „ГРАД-Квартет“ вечер во 19 часот ќе настапи пред публиката во Домот на културата во Битола. Станува збор за младински колектив, лауреат на голем број меѓународни натпревари за кој се својствени типични руски инструменти, огромни балалајки и еуфорична музика.
На програмата на концертот се нумери на Н. Будашкин, Ј.С. Бах, П.И. Чајковски, Н. Рот, В. Монти, А. Пјацола, В. Димитриев, Н.А. Римски-Корсаков, руски народни песни и сплет на теми од современите руски песни.
Детското уметничко друштво „Отрада“ од Черноостровскиот манастир, пак, ќе се претстави со свој концерт во Скопје, кој е дел и од програмата на Малите Мајски оперски вечери. Концертот ќе се одржи во фоајето на Македонската опера и балет со почеток во 18:00 часот.
Влезот на сите настани е слободен.
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН