Концерт во чест на Георги Божиков-Бас

Во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“, Македонската опера и балет вечер ќе одржи концертот во чест на оперскиот пејач Георги Божиков-Бас (1931-1986).
Концертот е дел од Програмата на Собранието на Република Македонија за одбележување на значајни настани и личност, а поводот е 30 години од смртта на еден од најзначајните оперски уметници на Македонија, басот Георги Божиков.
На концерот во чест на Георги Божиков, ќе настапат Тихомир Јакимовски-бас, Владимир Саздовски-бас, Борис Трајанов-бас-баритон, Игор Дурловски-бас и пијано придружба-Елена Сиљаноска.
Во рамки на одбележување, вечер ќе биде отворена и изложбата „Од уметничкиот пат на Георги Божиков“ и ќе биде промовирана монографијата „Жоро“ од Снежана Анастасова Чадиковска. Влезот е слободен.
Ново на Сител
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
