Концерт посветен на унгарскиот композитор Бела Барток
Во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ вечер ќе биде одржан концерт посветен на унгарскиот композитор и пијанист Бела Барток (1881-1945), во изведба на „Oláh Dezső Trio“.
Концертот, на кој композиции од Барток ќе бидат интерпретирани во џез-варијанта, е организиран во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија и и Унгарскиот директорат за уметност и култура.
- Бела Барток е еден од најпознатите композитори на етномузика кој творел во дваесеттиот век, најпознат унгарски композитор и еден од основачите на етномузикологијата. Неговата музика се карактеризира со драматично менување на звукот во музиката на 20 век, соопштија организаторите.
Почетокот на концертот е во 20 часот. Влезот за посетители е слободен, со претходна резервација поради ограничен број на седишта.
Ново на Сител
-
Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“
-
Нова опрема на Клиниката за уво, нос и грло
-
Владата субвенционира идни пилоти
-
СДСМ бара да не се потпише указот за Законот за полиција
-
Бројни концерти во шпицот на сезоната
-
Преглед на вестите од светот
-
Коњаниците од традиционалниот Илинденски марш пристигнуваат на целта
-
Претседателката го свика Советот за безбедност - Една од темите состојбата со пожарите