Македонија
10. October 2022 - 22:02

Концерт по повод 11-ти октомври во организација на македонската амбасада во Прага

Оваа година со концерт во Прага ќе се одбележи македонскиот Празник 11ти октомври. 
На сцената на конзерваториумот "Јана Дејла" ќе гостуваа оперското дуо - Мирјана Бурназ - Кремшовски и Живе Кремшовски и пијанистката Марија Николовска. 
Програмата освен големо-почитуваните ремек - дела на Г. Доницети, Џ. Верди, А. Дворжак, ќе се концентрира и на македонската современа класична музика - Т. Зографски, Т. Прокопиев, В. Николовски, Т. Скаловски и аранжмани на македонската традиционална песна. 
 
Дуото Бурназ-Кремшовски, кои се водечки вокали на музичките театри во Германија, заедно со пијанистката Марија Николовска веќе настапија заедно на неколку сцени во Германија, промовирајќи ја македонската музика и култура. 
 
Овој концерт е организиран и поддржан од амбасадата на Р. С. Македонија во Прага, Република Чешка и од Министерството за култура на Р. С. Македонија. и ќе се одржи утре , 11.10 на конзерваториумот " Јана Дејла" во 19:30