Концерт на учесниците на семинарот по виолина на Ана и Олег Кондратенко
Музичката младина на Македонија (МММ) во рамки на фестивалот „Скопско лето“ вечер од 20.30 часот во Музеј на Град Скопје организира концерт на учесниците на семинарот на Ана и Олег Кондратенко.
Почнувајќи од 2009 година МММ во континуитет го одржува возобновениот семинар по виолина за учесници од различна возраст од земјава и од странство, кој го раководат познатите педагози и музичари Ана и Олег Кондратенко.
- Во оваа сесија на мајсторската виолинистичка школа, која до пред неколку години се одржуваше во Охрид, а сега во Скопје, учествуваат можеби најдобрите млади виолинисти од нашава земја, коишто перманентно изучуваат нови програми и ги презентираат не само на концертот на „Скопско лето“, туку и на концерти во македонија и во странство, соопшти МММ.
На филмската програма „Кафе кино“ во Сули ан - ФЛУ, пак, вечер е најавена проекција на британската драма „Локи“ од 2013 година, по сценарио и режија на Стивен Најт и со Том Харди во главната улога.
Ново на Сител
-
30 години Сител со Ирена Петкова - Бонго Бокс
-
30 години Сител со Тошо Филиповски - Досие
-
30 години Сител со Миа Костова, Мартин Трпчевски и Билјана Максимовска - 99 Action
-
30 години Сител со Борче Пауновски и Велика Атанасова - Наша Земја
-
30 години Сител со Весна Петрушевска - Вртелешка
-
30 години Сител со Тања Атанасовска - Бумбар
-
30 години Сител со Бошко Трпевски - Асовите бираат асови
-
30 години Сител со Мелита Ракичевиќ - Пет шоу