Концерт на турска музика во Дом на АРМ
Институтот „Јунус Емре“ од Скопје во соработка со Универзитетот Газиантеп од Турција и Агенцијатa за развој „Ипекјолу“, вечер во Домот на Армијата од 19 часот организира концерт на кој ќе бидат изведени турски народни ора и турска музика и ритуалот сема.
- Љубителите на музиката ќе имаат можност да слушаат турски народни песни со анадолиски мотиви и да видат фолклорни носии од различни анадолиски региони. Вечерта ќе биде збогатена со прикажување на сема - дервишко вртење со познатата филозофија за љубов и сочувство на големиот поет - гуру Џелалудин Мевљана Руми. УНЕСКО ги има ставено вртечките дервиши на својата Листа на светско културно наследство, информира „Јунус Емре“.
Концертот е насловен „Духот на турската музика на Балканот“, а влезот за посетители е бесплатен.
Ново на Сител
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат