Концерт на триото „Аура“ на Скопско лето 2017
Во рамки на манифестацијата „Скопско лето 2017“ вечер во Музејот на Град Скопје концерт ќе има триото „Аура“.
Триото го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Тие работат како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје и имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во Америка, Франција, Германија, Австрија, Англија, Бугарија, Азија, Африка, Србија, Словенија за кои добиваат позитивни оценки.
Критиката ги нарекува „мајстори на својот инструмент“, а поради забележителните концерти во Македонија и во странство тие се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во Македонија.
Триото „Аура“ има долгогодишна и богата концертна активност, изведувајќи дела од сите музички епохи и стилови. Триото често промовира дела од македонски композитори, напишани специјално за нив. Нивното заедничко камерно музицирање го карактеризира изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот.
Ново на Сител
-
Пронајдена муниција и модели од автоматски оружја кај дилер од Битола
-
Украл женска ташна, приведен крадец од велешко
-
Ѓорѓиевски: Почнуваат бесплатните логопедски третмани во Кисела Вода
-
Ристески: Приоритет ќе ни биде да ги вратиме младите
-
Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата
-
Исчезнале тројца Непалци кои работеле во охридски хотел
-
Фирмата која готви за АРМ: Храната и кујната се 100% исправни
-
Велешанец фатен како продава марихуана на малолетник