Концерт на тапанарот и композитор Гоце Стевковски во Њујорк
Во Македонскиот културен центар во Њујорк „Gallery MC“ вчеравечер концерт одржа тапанарот и композитор Гоце Стевковски. Тој првпат го претстави последниот материјал насловен „7 приказни” пред публиката во САД, каде што премиерно беа промовирани и неколку нови композиции како најава на албумот кој следува.
Здружението на џез музичари и слободни уметници соопшти дека за овој настап покрај неговата редовна соработка со музичарите од Македонија - Кирил Кузманов (саксофон), Сашко Николов (тромбон) и Кирил Туфекчиевски (контрабас), Гоце Стевковски остварил и меѓународна соработка со пијанистот Матијас Гајер и гитаристот Таулант Мехмети кои, како што наведува Здружението, внеле дополнителна енергија на концертот.
Проектот беше поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари