Концерт на Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт

Во рамки на „Скопско лето“ вечер во Куршумли ан концерт ќе одржи Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт, Холандија, под диригентство на Бас Полард.
Оркестарот е основан во 1823 година и е најстариот симфониски оркестар во Холандија (запишан во Гинисовата книга на рекорди во 1998). Тој е еден од најдобрите студентски оркестри во земјата составен од 90 членови-студенти од сите факултети кои свират некој инструмент и ја споделуваат музиката со голем ентузијазам.
Во минатото оркестарот настапувал со солисти како Франц Лист, Камиј Сен-Санс, Клара Шуман и Јозеф Јоаким. Традиционално, дел од годишните концерти се одржуваат во познатите музички сали низ цела Холандија, како што се салата на Кралскиот Концертгебау во Амстердам и во матичниот град Утрехт во Тиволи Вреденбург. Еднаш во годината оркестарот настапува надвор од својата држава. Актуелниот диригент Полард го раководи оркестарот од 1997 година.
На „Скопско лето“ вечер, во рамки на програмата „Кафе-кино“, ќе биде прикажана и литванско-летонската копродукција „Коцкарот“ од 2013 година, во режија на Игнас Јонинас.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
