-->
-->
Концерт на староградски песни во Прилеп
-->

Прилеп, 13 август 2015 (МИА) - Културно-уметничкото друштво „Пензионер“ при Здружението на пензионери од Прилеп вечерва во рамки на Прилепското културно лето ќе одржи концерт на камената бина на плоштадот „Александрија“.
Пред прилепчани членовите на ова културно-уметничко друштво ќе се претстават со дел од репертоарот на староградски песни. Гостин на концертот е Културно-уметничкото друштво „Сирма“ од Битола.
КУД „Пензионер“ веќе 40 години го негува и го интерпретира староградскиот мелос во градот. Досега има учествувано на бројни фестивали во земјава и во странство.
Манифестацијата „Прилепско културно лето“ во чии рамки се одржува концертот, е во организација на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
