Концерт на староградска музика во Струмица
Во Центарот за култура „Антон Панов“ вечерва ќе се одржи осмиот по ред фестивал на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“. Песни за љубовта, меракот, копнежот ќе испеат шест хорови и оркестри кој го негуваат стариот македонски мелос, „Распеани струмичани“ од Струмица, „Распеани паланчани“ од Крива Паланка, женската пејачка група „Камелија„ од Свети Николе, „Распеани радовишани“ од Радовиш, „Распеани валандовчани“ од Валандово и вокалниот октет од Прилеп.
- Поминаа 8 години од првиот фестивал на староградски песни и серенади, при што може да ја парафразираме мислата на еден голем мислител, кој вели дека од мислата станува збор, зборот дело, од делото станува навика, од навиката станува карактер, а од карактерот станува судбина. Можеби судбината на колевката на културата- Струмица, била и ќе биде да продолжи традицијата на убави нешта во културното живеење, вели проектниот менаџер Елисавета Василева- Бончева.
На фестивалот ќе бидат испеани дваесетина староградски песни, кои се доказ за народниот гениј како непресушен извор на убави староградски пеења и серенади.
Ново на Сител
-
Кривична за директор и четворица вработени во јавно претпријатие во Кичево за загрозување на животната средина
-
Анушиќ: Хрватска сака да стане европски лидер во производство на мали дронови
-
Израелското државно радио известува за „дожд од ракети“ од Иран
-
Трамп не го напуштил самитот на Г7 поради конфликтот меѓу Израел и Иран, го обвинува Макрон за лажно претставување на работите
-
Алмеида нoв тренер на Севиља
-
Босна се откажа од настап во АБА лигата
-
ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции
-
Вучиќ објави дека СНС нема да одржи митинг во Белград на 28 јуни