Концерт на рускиот ансамбл „Рус“ во МНТ
Во рамки на Деновите на духовната култура на Русија во Македонија, вечер во 19 часот на сцената на Македонскиот народен театар концерт ќе одржи вокално-кореографскиот ансамбл „Рус“ од рускиот град Владимир.
Раководител на ансамблот е Едуард Ахметов, заслужен уметник на Русија. На репертоарот на ансамблот се ставени нумери кои ја одразуваат богатата традиција на руската музичка култура.
Ансамблот „Рус“ е колектив со широк изведувачки дијапазон. Музиката на ансамблот „Рус“ претставува, пред сè, фолклорна основа со елементи на симфонизам и рок. Ансамблот е мошне познат во Русија и во странство како колектив кој на современ начин на сцената го интерпретира традиционалниот руски фолклор.
Со настанот на ансамблот „Рус“ завршува програмата на Денови на духовна култура на Русија во Македонија организирани од Министерство за култура на Руската Федерација во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и со Руската амбасада во Македонија.
Влезот е слободен, а картите се подигнуваат пред настанот.
Ново на Сител
-
Истрага за криминал во Лотарија
-
Расчистени повеќе убиства вршени во подземјето
-
Никој не открива кои објекти биле мета на терористичката ќелија поврзана со ИСИС
-
Мицкоски вели акциите се со поддршка од САД
-
ЗНАМ ја промовираше платформата за национално обединување, бара поддршка од сите партии
-
Мицкоски: Ниту еден данок нема да се зголеми
-
В сабота цело Скопје ќе остане без вода, ќе се затвора главната цевка за да се санираат дефекти
-
Акција на МВР: Разбиени картели во Арачиново и Чаир