Концерт на Македонската филхармонија и Елена Мисиркова во Виена

Гудачкиот оркестар на Македонската филхармонија денеска ќе гостува во Виена, каде што ќе одржи концерт посветен на македонското творештво. Диригент ќе биде Саша Николовски-Ѓумар, а како солист ќе настапи пијанистката Елена Мисиркова-Лоза, која живее и работи во австриската престолнина.
На концертот, кој ќе се одржи во салата на Дипломатската академија во Виена, ќе бидат изведени делата: „Стари танци“ од Властимир Николовски, „Песна и Танец“ од Тома Манчев, Концертна пиеса за гудачи и пијано од Сони Петровски, „Македонско капричо“ од Драган Шуплевски, како и две композиции од австрискиот композитор Франц Шрекер.
Како што соопшти Филхармонијата, творбите со кои ќе се претстави оркестарот се дела на автори од различни генерации македонски композитори, исклучителни претставници на македонската музичка култура, чиј музички опус претежно е инспирација од богатиот фолклор на поднебјето од каде што доаѓаат.
Концертот е организиран со поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Австрија и македонското Министерство за култура.
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
